VoIP почетна страна     VoIP клиенти     VoIP адаптери     VoIP провајдери

VoIP почетна страна

VoIP клиенти

VoIP адаптери

VoIP провајдери

Софтверски VoIP клиенти

 

Софтверски VoIP клиенти се еден од најпопуларните начини за евтини разговори. Нивната главна предност е што нудат бесплатни разговори со други корисници на истиот софтвер.

 

Тоа што ги прави VoIP клиентите поатрактивни е и тоа што имаат дополнителни функционалности како пишување пораки и праќање фајлови.

 

Меѓу повеќето вакви клиенти ги одбрав Skype и Gizmo Project како најинтересни и ќе се концетрирам на нивната функционалност и можностите кои ги нудат.

 

Skype VoIP клиент

 

Skype е најверојатно најпопуларниот VoIP клиент во моментов. Имаат преку 170 милиони доунлоадирани клиенти и во секој момент преку 3 милиони корисници се закачени на Skype VoIP мрежата.

 

За да го користите Skype VoIP клиентот треба да ги следите следниве чекори:

-                      одете на www.skype.com

-                      кликнете download

-                      откако ќе го даунлоадирате и инсталирате програмчето одберете си корисничко име и лозинка

-                      и спремни сте за бесплатни разговори

 

Доколку сакате да вртите на обични телефони ќе мора да купите кредит за Skype. Тоа можете да го направите директно од нивниот вебсајт. Пред да го направите тоа не е лошо да одите на Skype цени за да ги прегледате детално цените за користење.

 

За да пронајдете пријател којшто користи Skype VoIP кликнете на додади контакт и да го најдете пријателот по име и презиме или по Skypе името.

 

Gizmo Project VoIP клиент

 

Gizmo Project VoIP клиентот е многу сличен на Skype. Главна разлика е во протоколите кои ги користат двата клиента. Протоколот на Skype е затворен и непознат додека Gizmo Project користи SIP протокол којшто е општо познат и прифатен и во други апликации и уреди. Предноста на користење на SIP протоколот е во тоа што со користењето на Gizmo Project дополнително добивате и бесплатни разговори кон светската SIP мрежа. Голем број на универзитети и фирми веќе имаат SIP броеви што значи дека ќе можете бесплатно да зборувате со било кој корисник.

 

Уште една мошне битна предност на овој протокол е што може многу лесно да ве побараат вашите пријатели од обичен телефон. Со инсталирањето на Gizmo Project вие автоматски добивате SIP број. Во одредени држава (САД, Англија, Белгија...) има бесплатни влезни броеви за SIP. Тоа значи дека вашите пријатели кои живеат во САД ќе можат да свртат од обичен телефон и да платат како за локален разговор.

 

Доколку сакате да го инсталирате Gizmo Project VoIP клиентот пратете ја горенаведената процедура за Skype. Линкот до сајтот на Гизмо е www.gizmoproject.com.