VoIP почетна страна     VoIP клиенти     VoIP адаптери     VoIP провајдери

VoIP почетна страна

VoIP клиенти

VoIP адаптери

VoIP провајдери

Сакате бесплатни телефонски разговори?

  

Научете нешто повеќе за VoIP и ќе имате бесплатни разговори низ цел свет!

 

VoIP Што е тоа? 

 

Во последниве неколку години сите сме соочени со зголемени сметки за нашите телефонски разговори. Иако мислиме дека то се случува само кај нас верувајте дека тоа е тренд насекаде низ светот. Поточно, беше тренд се додека не се појави VoIP (Voice over Internet protocol). Баш поради оваа технологија луѓето кои живеат во западните земји имаат многу поевтини телефонски разговори. Редно време е и ние да почнеме да го практикуваме тоа.

 

Големите телефонски оператори во светот уште пред повеќе од десет години користат VoIP за да овозможат поевтини разговори за своите клиенти. Наместо да користат постоечка телефонска инфраструктура, операторите го користат интернетот како медиум за пренесување на интернационалните повици. Со тоа си ги намалуваат своите трошоци а од тоа корист имаат и нивните клиенти. Значи, VoIP е еден добра начин за заштедување.

 

Тоа што е уште подобро кај VoIP е тоа што технологијата веќе е достапна и за обичните корисници а не само за телеком операторите. За да корисите VoIP не ви треба никакво техничко познавање. Потребно ви е само желба да заштедите (мислам дека никој нема да има проблем со тоа).

 

Ќе се обидам да ви доближам неколку различни начини за користење на VoIP. Ваше е да одлучите кој најмногу ви одговара.

 

1.         Софтверски VoIP клиенти

           

VoIP клиенти се софтверски апликации кои овозможуваат да разговарате директно од вашиот компјутер. Во оваа група би ги издвоил Skype и Gizmo Project. Тоа се два различни клиента коишто функционираат на сличен начин. Она што е потребно е да ги инсталирате на вашиот компјутер и штом ќе се закачите на интернет имате можност за бесплатни разговори кон корисниците на истиот софтвер или евтини разговори кон обични и мобилни телефони. Подетални информации за двата клиенти можете да добиете во делот за Софтверски VoIP клиенти.

 

2.         VoIP адаптери

 

VoIP адаптери се посебни уреди кои ги закачувате на вашата интернет конекција (кабелски модем или АДСЛ) и на вашиот телефон.  Со тоа ви е овозможено директно од обичниот телефон да ги користите евтините тарифи за VoIP. Покрај тоа, со помош на овие VoIP адаптери имате можност за бесплатни разговори до корисниците на исти или слични VoIP адаптери. За повеќе информации погледнете го делот за VoIP адаптери.

 

3.         VoIP провајдери

 

Ова е најверојатно наједноставниот начин за да стигнете до евтини интернационални разговори. VoIP провајдери означуваат фирми кои ви овозможуваат без да купувате било каков адаптер или да инсталирате софтвер да користите VoIP. Најчесто овој систем функционира со пратплатни картички. Купувате картичка од одреден провајдер и од вашиот обичен телефон имате пристап до VoIP мрежа. Единствената разлика е тоа што наместо директно да го вртите бројот прво вртите пристапен број (којшто го добивате од провајдерот) и после тоа го вртите бројот којшто сакате да го добиете. Прилично едноставно и корисно. Во Македонија веќе има неколку VoIP провајдери. Погледнете го делот за VoIP провајдери за да дознаете повеќе.